На 5.04 (недела) ќе се одржи третата „Женска трка” со единствена цел: Подигање на свеста кај жената дека не е доцна да се почне со активност.
Бројот на ваквите трки постојано расте. Стартот на трката е кај Школката во Градскиот парк. Поделена е во два дела – аеробик вежби за загревање, кои ги водат инструктори- аниматори. По завршувањето на вежбите натпреварувачките се редат на стартната линија. Во 11.00 почнува трката. По завршувањето учесничките по пат на лотарија добиваат подароци од спонзорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.