Во денешно време жените се толку зафатени, што понекогаш немаат ниту минута за сопственото здравје. Замоливме гинеколози за неколку важни совети за претставничките на понежниот пол.
Совет 1: Не се депилирајте пред да одите кај гинеколог. За лекарот нема никакво значење колку мазна е вашата кожа. Депилација само ќе му отежни специјалистот, при утврдувањето на причините за црвенилото и отокот на кожата.
Совет 2: Не спијте со долна облека. Тесна долна облека, особено синтетичка, ја отежнува термо-регулацијата и ја задржува влажноста, а тоа значи дека се создава поволна средина за размножување на штетни микроорганизми. Најлоша е ситуацијата во постудените месеци од годината, кога над гаќите многу жени носат хулахопки или пак хеланки, а одозгора панталони.
За да избегнете проблеми, откажете се од синтетичката долна облека. Секогаш и веднаш, штом ќе стигнете дома, соблекувајте ги хулахопките и фармерките. По дома одете во широки панталони од природни ткаенини и никогаш не си легнувајте да спиете со долна облека.
Совет 3: Бидете внимателни кога користите тампони. Стручњаците сеуште спорат околу тоа, колку безбедна е употребата на тампоните. Читајте ги внимателно инструкциите и менувајте ги редовно тампоните. Не ги користете додека спиете!
Совет 4: Ако сте си купиле миризлив гел за интимна хигиена, фрлете го во канта за отпадоци. Ароматизирани гелови, спрејови, марамчиња, интимни парфеми,тоа се прекрасни пронајдоци на човечката имагинација, но тие провоцираат промени во природниот бактериски баланс на слузницата.
Во микрофлората на вагината на здравата жена доминираат корисните микроорганизми. Тие формираат заштитна бариера, го определуваат нивото на кисело-алкалната рамнотежа на половите органи и не дозволуваат развој на патогени бактерии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.