Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија“, обебзеди место меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на прогласувањето на Светските аеродромски награди „Скајтракс 2015“.
На доделувањето на наградите „Скајтракс“ во рамки на 21. Саем за аеродромски услуги – Песинџер терминал експо, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветти аеродром во источна Европа. Во 10 најдобри се и аеродромите во Будимпешта, Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава и Варна.
– Вбројувањето на Скопскиот аеродром во топ 10 на источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која што на глобално ниво ги истражува, следи и мери реакциите и задоволството на патниците од аеродромите. Оваа награда, како и претходните што две години по ред ги добивме од Меѓународниот совет на аеродроми, е уште еден силен сигнал дека имаме соодветно формулиран пристап во поглед на квалитетот на услугите и визија тие постојано да се подобруваат, а сè со цел нашите редовни корисници, патниците, да можат максимално да уживаат во патувањето – изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Според официјалната интернет-страница на манифестацијата, за нејзините потреби биле пополнети повеќе од 13 милиони прашалници од граѓани од 112 различни националности во периодот од мај 2014 до јануари 2015 година. Истражувањето опфатило 550 аеродроми во светот. Со него биле проверени искуствата на патниците во поглед на аспекти како чекирање, пристигнување, трансфери, пазарење, безбедност и други услужни сегменти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст