| четврток, 6 декември 2018 |

Рама: Визниот режим за Косово е срам за ЕУ

edi

Премиерот на Албанија Еди Рама остро ја осуди Европската унија поради тоа што не спроведува либерализација на визниот режим за Косово, нагласувајќи дека тоа е срам за ЕУ и за Косово, пишува весникот „Коха диторе“.

По вчерашната заедничка седница во Тирана на Владата на Албанија и косовката Влада, премиерот Иса Мустафа изјави дека за Косово е од исклучителна важност да се постигне спогодба за визна либерализација.

– Со таа спогодба ќе се отстрани состојбата на изолација и ќе се зајакне чувството на европски идентитет и припадност. Тоа се нашите предизвици – нагласи Мустафа.

По заедничката седница потпишани се пет спогодби и четири меморандуми, два протокола и една заедничка изјава за пограничните слободни зони, додава весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top