Повеќето луѓе на ја сакаат недела навечер.
Тоа го има потврдено и едно истражување од 2013 година, кое открило дека дури 78 отсто од луѓето чувствуваат блага депресија во недела. Воглавно се работи за меланхолија поради враќањето во канцеларија во понеделник наутро.
Но можеби треба да размислите за промена на таква навика. Еве неколку работи кои ви препорачуваме да ги правите во недела, како би ја избегнале депресијата.
Семејството и пријателите
Наместо лежење во кревет поминете квалитетно време со семејството и пријателите во дружба и забава каде ќе соберете доволно енергија за обврските кои ве чекаат и за да не размислувате за неделната депресија.
Тренинг или прошетка
Тератана, прошетка….Тоа е идеален начин за исфрлање на токсините од телото, поради кое ќе се чувствувате подобро и поздраво.
Јадете здрави намирници
Можеби чаша вино ја прави одлична идејата за недела навечер, но алкохолот остава депресивно чувство и ќе имате помалку енергија во утринските часови. Наместо тоа направете си некој смирувачки чај.
Правете неделни планови
Треба да ја организирате својата работна недела однапред , да направите попис на обврските. Трикот е во тоа да се направи за да си ги олесните работите, а не за би биле под уште поголем притосок. Сетете се колку ќе биде среќни доколку сето тоа го постигнете.
Сон
Со други зборови, одете нешто порано на спиење, затоа што квалитетниот сон е клучен за успешно извршување на задачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.