На понеделничката заедничка седница под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“ владите на Албанија и Косово во албанската престолнина Тирана ја одржаа втората поред заедничка седница на којашто премиерите Иса Мустафа и Еди Рама потпишаа единаесет договори и меморандуми за билатерална соработка во разни области.
Станува збор за документи кои се однесуваат во областа на меѓусебната безбедност, зајакнување на внатрешната безбедност, заедничко користење на опрема на граничните премини, во сферата на финансиите, културата, образованието, руралните средини, трговијата.
Премиерите на Косово и на Албанија, Иса Мустафа односно Еди Рама нагласија дека оваа се многу битни документи за двете држави. Првата седница на двете влади се одржа во Призрен на Косово, на 11-ти јануари 2014 година.
Албанскиот премиер во изјавата за RTK вети дека косовските Албанци ова лето нема да чекаат на граничните премини со Албанија, туку тоа ќе биде само формална контрола , слично на контролата на границите во Европската унија. Рама најави и отворање на заеднички конзулат во Милано
Инаку Рама пред новинарите изјави дека заедничките документи кои се потпишани го консолидираат процесот на национално обединување во рамките на ЕУ, додека, пак, неговиот косовски колега Иса Мустафа изјави економската соработка на Тирана и Приштина е многу битна и додаде дека последна станица на Албанија и Косово е Брисел.
Косовскиот премиер, пак, изјави дека ќе започне решавањето на проблемите со кои се опфатени „граѓаните на двете земји и нивните бизниси“. „Денеска потпишавме пет договори, четири меморандуми, два протокола и една заедничка изјава. Го истакнуваме договорот од областа на безбедноста и внатрешните работи. Во областа на стопанството полза од договорот ќе имаат двете страни“, изјави Мустафа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.