| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: Американците веќе не веруваат дека местото на САД е на ‘врвот на светот’

Многу Американци не се согласуваат со политиката на САД и почнуваат да не ја прифаќаат идејата дека нивната земја мора да биде најглавната во светот, изјави поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден, во интервјуто за швајцарската телевизиja RTS објавено во неделата.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали „императорската позиција“ на Соединетите држави е изменета, Сноуден рече дека многумина од неговите сонародници не се согласуваат со политиките на официјален Вашингтон.

„Мислам дека ние почнуваме да се откажуваме од идејата дека САД мора да бидат на врвот на светот и да бидат вклучени во сите решенија во сиот свет. Поради тоа што тоа е политика на конфликти“, смета поранешниот американски разузнавач.

Сноуден, исто така, истакнува дека споменатите начела можеби се полезни за одреден круг луѓе, но дека за меѓународната заедница предизвикуваат штети. Според него, „доколку владата спроведува политика којашто не се стреми да го намали нивото на насилство во светот, создава опасност за зголемување на конфликтите поврзани со демонстрациите на моќ и агресивните политики“.

„Тоа неминовно ќе доведе до зголемување на насилството и тензиите кои не носат полза никому“, истакнува Сноуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top