Пред ресторанот „Ловец“ во Подгорица билa забележанa мртва мечка. Телото кратко време стоело на тротоарот, а потоа е префрлено во багажник на автомобил „голф 2“, јавува РТЦГ.
Претседателот на ловечкиот сојуз на Црна Гора, Нилоа Марковиќ ги демантираше шпекулациите дека некој ја застрелал мечката бидејќи ова животно е заштитено со закон.
– Тоа е невозможно, мечката е строго заштитена. Можеби постои некоја друга вонредна причина, ниту еден ловец не би ни помисли тоа да го направи – вели тој.
Тој смета дека можеби некој ја има мечката застрелано во самоодбрана, но нагласува дека ваков случај во Црна Гора досега немало.
Инаку мечките се загрозен вид во Европа, на кои им се заканува изумирање. Поради тоа се усвоени меѓународни документи кои ги штитат мечките, а на кои и Црна Гора е потписник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.