ЕВН Македонија ја изгради привремената нова делница од 110 кВ далновод во Драчево со што го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбата.
Од ЕВН Македонија информираат дека за два дена се изградени двата портални дрвени столба со што се активира трафостаницата Драчево 1 (110/10 кВ) и се обезбеди доволно енергија за сите корисници непречено да се снабдуваат.
ЕВН Македонија, како што соопштуваат, изработи техничко решение и го почна поставувањето на новиот решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица. Геолошките истражувања покажаа дека треба да се обезбеди нова посигурна локација за поставување на новиот столб.
Екипите на ЕВН ќе вложат максимални напори проектот да се реализира во најкус можен рок, во меѓувреме привремената мрежа ќе помогне да се избегне ограничувањето на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.