Веќе беше познато дека Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер на „Евровизија“, а пред малку е соопштен и редоследот под кој ќе настапат земјите учеснички.
Првата полуфинална вечер ќе се одржи на 19 мај, а Даниел ќе настапи осми. Она што е интересно е што веднаш по него ќе настапи Србија. Заедно со нас во групата се и Албанија и Грција.
Прва полуфинална вечер(19 мај):
1.Молдавија
2.Арменија
3.Белгија
4.Холандија
5.Финска
6.Грција
7.Естонија
8.Македонија
9.Србија
10.Унгарија
11.Белорусија
12.Русија
13.Данска
14.Албанија
15.Романија
16.Грузија
Втора полуфинална вечер(21 мај):
- Литванија
- Ирска
- Сан Марино
- Црна Гора
- Малта
- Норвешка
- Португалија
- Чешка
- Израел
- Латвија
- Азербејџан
- Исланд
- Шведска
- Швајцарија
- Кипар
- Словенија
- Полска
Финалето ќе се одржи на 23 мај во главниот град на Австрија, Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.