Ентериерот на канцеларијата на Кристијан Греј потсетува на оној во неодамна отворената галерија за современи уметности „FLUX“ во Скопје.
Романот “50 нијанси на сиво” ги собори рекордите на продажба, најпрво во Велика Британија, а потоа насекаде во светот. Неодамна беше и премиерата на истоимениот филм кој исто така стана огромен хит, заработувајки 480 милиони долари во првите две недели на прикажување.
Филмот визуелно го доловува стилот на ултра успешните, моќните и најбогатите- кремот на општеството. Цел тим од дизајнери и уметници обединето работеле за се околу Кристијан Греј (главната улога) да биде совршено, модерно и раскошно. Сцените од неговата канцеларија се уште еден доказ за доловениот современ минимализам, но потполно потсетуваат на ентериер од нашите простори. Тоа е ентериерот на неодамна отворената галерија за современи уметности „FLUX“.
– Сличностите во стилот и парчињата мебел на галеријата во центарот на Скопје со деловниот простор на Кристијан Греј можете да ги видите од фотографиите, а ние ќе додадеме дека сме среќни што светските трендови се почесто можеме да ги видиме и доживееме во живо кај нас. „FLUX“ заедно со својот прекрасен простор и уникатни, вредни уметнички дела од македонски автори се прекрасен пример и доказ за тоа, велат од „FLUX“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема поддршка „За заедничка Македонија“ од Австралија: Над 5.000 Македонци на протест во центарот на Сиднеј! (Галерија)
-
„За заедничка Македонија“ одржа музички хепенинг во Градски парк (Фото галерија)
-
Триесетметарско знаме пред Собрание, граѓаните порачаа: За заедничка Македонија! (ГАЛЕРИЈА)
-
Изложба на дела од наградените од „Остен“ за светско културно наследство