Страницата All Time 10s издвои десет најдобри работи кои се ставени на продажба на најпознатата платформа за онлајн аукциско купување и продавање, иБеј (eBay)…
Ова се десетте најчудни реклами:
10. Човечко чело – Андреј Фишер (20) од Омаха неговото чело по пат на иБеј го понуди како рекламен простор. Тој доби 37.375 долари за едномесечно рекламирање на SnoreStop.
9. Град во Тексас – градот Алберт занимлив е заради неговото германско наследство и лежерно однесување. Понудата ја вклучува титулата – градоначалник.
8. Долна облека на Мајкл Џексон – боксерките на пејачот продадени се за милион долари. Беа запленети како доказ во текот на истргата за злоупотреба на дете.
7. Смислата на животот – продавач тврди дека ја открил причината на нашето постоење. Најголемата понуда која ја добил изнесувала 3,26 долари.
6. Дете – една двојка одлучила да се пошегува на начин кој на многумина не им бил смешен. На продажба за еден долар го понудиле нивното дете. Последица на нивниот лакомислен чин беше привременото губење на старателство, а биле под истрага и заради трговија на деца.
5. Прозорецот од кој ЏФК беше застрелан – Прозорецот и рамката од стрелачкото „гнездо“ од кои Ли Харви Освалд пукаше во Џон Ф. Кенеди, продадени се за три милиони долари.
4. Употребено шамивче – настинката на актерката Скарлет Јохансон имаше двојна вредност бидејќи и ја пренесе актерот Семјуел Л. Џексон. Нејзиното користено шамивче собра 5.300 долари за добротворни цели.
3. Дух во тегла – продавач налетал на тегла додека бил во потрага по метал бил прогонуван од нејзината содржина. Теглата привлече (лажна) понуда и од сто милиони долари.
2. Сендвич Богородица – продавач го понуди сендвичот на кој се тврди дека се појавила Богородица. Тој беше продаден за 28 илјади долари.
1. Човеков цел живот – Иан Ашер го продаде неговиот живот за околу 300 илјади долари. Продажбата ја вклучуваше неговата куќа, автомобилот, работата и запознавање со неговите пријатели во Перт, Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


