Ситуацијата во училиштата во Србија по повеќемесечниот штрајк, излегува од контрола. Тоа се случува поради нееднакво постапување на директорите во врска со пресметките за плата. Дел од вработените не добиле плата за февруари, изјави денеска за Танјуг Јасна Јанковиќ, порпарол на Унијата на синдикати на вработените во образованието.
Јанковиќ вели дека во школите има вработени на кои платата им е намалена за четири до 33 отсто поради учество во штрајк. Вработените во училиштата од тој синдикат ја прекинаа работата.
Таа вели дека над 100 училишта се во штрајк. Дел од нив целосно ја прекинале наставата, дел држат скратени часови.
– Ситуацијата полека излегува од контрола, вели Јанковиќ и го критикува Министерството за образовение дека со намалување на платите на оние што штрајкуваат се „аболицирало себеси“.
Штрајкот во образованието во Србија почна на 17 ноември лани. Во февруари два синдиката потпишаа со ресорното министерство Посебен колективен договор додека уште два се во штрајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.