| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејн до ОН: Ако ја признаете Палестина ќе размислиме дали ќе ве финансираме

John_McCain_249264S1Американскиот конгрес треба да го разгледува прашањето дали ќе продолжи да ја финансира ООН ако Советот за безбедност одобри резолуција за прогласување државност за Палестина, изјави вчера републиканскиот сенатор Џон Меккејн.

Во интервјуто за „Си-Ен-Ен“, Мекејн рекол дека Барак Обама не би требало да размислува за таква резолуција. Минатонеделната изјава на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, непосредно пред изборната победа за тоа дека се противи на решението на двете држави за Израел и за Палестина, уште повеќе го продлабочи јазот меѓу него и администрацијата на Обама.

Мекејн го обвини Обама за „изливи на бес“ поради изјавата на Нетанјаху и така дополнително го засили судирот на Обама со Конгресот во кој доминираат републиканците, во врска со Израел.

На прашањето дали американско-израелските односи дошле до опасна точка, сенаторот одговорил дека „тоа зависи од претседателот на САД“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top