| четврток, 6 декември 2018 |

Хамонд: Русија мора да ѝ го врати Крим на Украина

filip hamondШефот на британската дипломатија Филип Хамонд, изјави дека Лондон нема да го признае спојувањето на Крим со Русија, на што Москва порача дека секој повик Крим да се врати кон Украина ќе се смета за нарушување на териротиријалниот интегритет на Русија.

– Нелегалната анексија на Крим, која ја изврши Русија пред една година, претставуваше флагрантно кршење на меѓународното право. Тоа покажа целосно непочитувањето на суверенитетот и на теририторијалниот интегритет на Украина и тоа најостро го осудувам – порача Хамонд.

Тој, исто така, нагласи дека Русија мора да ѝ го врати Крим на Украина.

Заменик-претседателот на пратеничката група Обединета партија на Русија, Франц Клинчевич ја осуди изјавата на Хамонд.

– Нашиот одговор ќе биде јасен. Од март 2014 година Крим е дел од руската територија. Во таа смисла нема разлика меѓу Крим и, на пример, полуостровот Камчатка. Поради тоа секој повик на враќање на Крим кон Украина ние го сметаме за кршење на територијалниот интегритет на Русија – наведува Клинчевич.

Пратеникот во рускиот парламент Алексеј Пушков, реагирајќи на изјавата на Хамонд, рекол дека Крим има повеќе право да биде дел од Руската Федерација, отколку што Фолкландските Острови што имаат право да бидат во составот на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top