| четврток, 6 декември 2018 |

Европратеници: Србија мора да се приспособува на надворешната политика на ЕУ во однос на Русија

evroparlamentДобрите односи меѓу Србија и Русија, во принцип, не претставуваат проблем во односите со ЕУ, но Србија, сепак, мора да процени какви мерки ќе преземе во одреден момент и да покаже целосна посветеност кога е во прашање патот кон ЕУ, порачаа европратениците од ЕП, Кнут Флекенштајн и Тања Фајон.

Флекенштајн, потпретседателот на групата социјалисти и демократи во ЕУ, за српски Данас вели дка иако не треба да се пренагласуваат работите, ЕУ, сигурно, не гледала позитивно на најавеното заедничко одржување на воени вежби на Србија и на Русија.

Флекенштајн, чијашто партија е во владејачката коалиција во Германија, додава дека да е на местото на Белград би гледам да ги одложи вежбите со Русија, ако не и да ги откаже.

На прашањето дали ЕП ќе реагира во случај да бидат одржани вежбите закажани за септември, тој одговори дека е сигурен дека тоа нема да им се допадне на мнозинството пратеници и дека ЕП ќе одговори на некој начин.

Потпретседателката на Клубот на пратеници на Напредниот сојуз на социјалисти и на демократи во ЕП, Тања Фајон, која, исто така, беше дел од делегацијата што престојувала во Белград, за српска „Политика“ вели дека ЕУ очекува од Србија постепено да воведува санкции кон Русија.

– Ние ја разбираме цврстата врска и традиционалните односи на Србија со Русија, но, исто така, очекуваме и целосна посветеност кога е во прашање патот кон ЕУ. Тоа во текот на разговорите ми го потврди целиот српски политички врв – рекла Фајон. Таа, исто така, рекла дека не се сомнева дека тие што ја водат Србија се свесни за потребите надворешната политика на ЕУ, вклучувајќи и санкции кон Русија, постепено да се применува и во Србија, односно, надворешната политика на Србија да се хармонизира со надворешната политика на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top