| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеските археолози открија самострел стар 2.200 години

samostrel

Самострел стар 2.200 години, за кој експертите проценуваат дека во свое време бил речиси двојно посмртоносен од денешните автоматски пушки, е откриен на арехеолошко наоѓалиште на познатите теракотни воини што го чуваат гробот на првиот кинески император Чин Ши Хуанг.

Овој самострел, пронајден минатата недела, е совршено зачуван, а според анализите можел да исфрли стрела на далечина од речиси 800 метри. Научниците сметата дека во него се крие тајната за успехот на царот Хуанг.

Самострелот бил закопан до половина во близина на една од статуите од теракота, а го пронашле археолози, кои работат на наоѓалиштето.

Ова е првпат научниците да видат комплетна верзија на ова оружје, откако претходно се пронајдени околу десетина оштетени самострели на истиот локалитет. Самострелот е долг нешто повеќе од 1,5 метри и висок околу 1,3 метри.

Неговата големина укажува на тоа дека бил едно од најмоќните оружја во свое време. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top