| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина уапсени при напад врз синагога во Лондон

sinagoga-559x320

Шест лица се уапсени при антисемитски напад врз синагога во северен Лондон, поради што на еден човек му било потребно лекување во болница, објави весникот „Д ивнининг стандард“. 

Шокантен видео запис снимен во синагогата во Стемфорд покажува каков ужас доживеале вработените кои се молете и се криеле во соба, додека во вратата се фрлаат столчиња. Додека тоа се случувало, полицијата добила повик за тепачка во синагога. Полицајци сметаат дека група која славела во соседна зграда се обидела да влезе во синагогата. За кратко успеале да минат низ вратите на синагогата, но биле одбиени од стражарите.

Приведени се шест лица под сомневање за напад и нарушување на јавниот ред, објавена од Скотланд Јард. Портпаролот прецизира дека инцидентот е окарактеризиран како „антисемитстички”, но не станува збор за планиран напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top