Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во врска со денешниот протест на Наставничкиот пленум побара образованието да не се политизира и смета дека напаѓањето на неодамна постигнатиот договор меѓу СОНК и МОН е обид за дневно-политички поени.
– Сите коишто се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротивставуваат на секој обид за нивно користење во дневно-политички потреби на политичките партии. На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогоба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно-политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета, пишува во дописот на СОНК до медиумите.
СОНК наведува дека Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од страна на најголемиот дел од огромното членство на СОНК.
– Ја изразуваме нашата цврста одлучност дека сите обиди за разбивање на СОНК, од страна на која било политичка партија, нема да успее, наведува СОНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст