| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Европа треба итно да основа рускојазичен ТВ-канал

Petro porosenko„Ние треба итно да основаме трансевропски рускојазичен канал за емитување. Јас предложив и сметам на Вашата поддршка за да го примениме и во Литванија. Вие имате рускојазична публика, ние сме подготвени да ги испратиме најдобрите новинари, можеме да создадеме услови. Важно е во Литванија да сфатат дека е важно да се слуша и алтернативната позиција“, изјавил во текот на средбата со литванската претседателка Даља Грибаускајте претседателот на Украина Петро Порошенко.

Како што објави Руска реч, неговите зборови се цитирани во соопштението на веб-локацијата на украинскиот претседател.
Порошенко истакна дека „тоа треба да биде алтернативен канал, кој ќе биде достапен во секој хотел, во секоја болница“.

„Ние сме отворени за секаква помош и подготвени сме да испратиме свои експерти“, одговорил Грибаускајте.

Претходно парламентот на ЕУ побара Европската комисија да направи стратегија за борба со руската пропаганда.
МНР Русија во врска со тоа изјави дека намерата на ЕУ да создаде рускојазичен канал за „контрапропаганда“ е во спротивност со принципите на слобода на говорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top