| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги ублажите симптомите на ПМС

s

Истражувањата покажуваат дека околу 90% жени имаат изразени симптоми на ПМС. Подуеност, несоница, раздразливост – се само некои од непријатностите што нè мачат по неколку дена секој месец. Сепак не мора да ги трпиме. Постојат начини да се ублажат симптомите.
Сместете се удобно Во деновите на ПМС угодувајте си себеси. Одморајте, удобно сместени во фотелјата или во креветот. Носете памучна долна облека што не ве стега и во која се чувствувате пријатно.

Пијте чаеви
Од магдонос, ако ве мачи подуеност. Се препорачува и чај од медитеранската билка коноплика, која ги намалува раздразливоста, главоболката и отекувањето на градите, а може да спречи и појава на акни.

Уживајте во пријатниот мирис
Ако за време на ПМС страдате од несоница, пред спиење запалете ароматична свеќа што ќе ви помогне да се опуштите и полесно да заспиете. За опуштање особено се препорачува мирис на лаванда.

Побарајте помош од природата
Сè што може да ни помогне се наоѓа во природата. Билните препарати можат да ублажат разни симптоми на ПМС – од несоница до болни грчеви.

Затоплете го стомакот
Затоплувањето е лек против грчеви. Завиткајте се во ќебе или ставете термофор на стомакот. Топлината ги опушта мускулите, со што се намалува напнатоста на стомакот.

 

(Убавина и здравје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top