Пентагон објави дека е во тек истрага за заканите што преку интернет ги упати групата Исламска држава, заканувајќи се дека ќе убие стотина американски војници.
Групата „Исламска држава“ претходно објави на интернет список на 100 американски војници, што треба да бидат ликвидирани, јави Би-Би-Си.
Списокот е објавен на џихадистички веб страници и на него се претставени 100 американски војници што учествуваат во борбите против групата. На списокот војниците се претставени по име и презиме, со нивни фотографии и адреси.
ИД тврди дека хакерскиот оддел на групата ги украл податоците за војниците од компјутери на Пентагон.
САД и нивните сојузници од септември извршуваат воздушни напади против екстремисти на ИД во Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.