Тијана Дапчевиќ ги искористи последните денови од зимата за семеен одмор на Копаоник.
Со сопругот Милан и синот Вук помина недела дена во најпопуларниот ски центар во Србија, а покрај тоа што одмарале, тие го одбележале и роденденот на Милан и се присетиле на 2000. година кога се венчаа.
-Заедно сме 15 години, а ќе го одбележиме и точниот датум кога ни е годишнина од бракот. Фала Богу, досега имаше повеќе среќни од тажни моменти.
-Толку сме заедно што дури почнавме да си личиме. Брзо поминаа и покрај тоа што 15 години звучат како цела вечност, тоа е како дете кое тргнува во средно училиште. Многу работи се случија, цел свет го прошетавме, се боревме за потомство, подоцна го добивме Вук.
-Но кога малку подобро ќе размислам, тој се роди токму во вистинско време, се случи кога требаше да се случи. Овие години ми поминаа како момент.
Во ова стресно време, кога браковите, за жал не траат подолго од 3-4 години, успех е да се остане заедно, иако тоа не го доживувам така. Веројатно јас и Милан сме поинаку воспитани, и изгледа се сакаме, па љубовта не е движеќка сила за се, зошто ако неа ја нема, тогаш нема ништо од заедницата, раскажува Тијана за Стори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.