| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот на аеродром во Њу Орлеанс почина во болница

orlenas1

Мажот, кој вчера доби три прострелни рани од полицијата откако го нападна обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Орлеанс, синоќа починал од повредите во болница.

Во торбата на 63-годишниот Ричард Вајт се пронајдени и шест Молотови коктели. Мотивите за нападот засега се непознати.

Според американските медиуми Вајт имал нарушено психичко здравје. Порано работел како таксист и неколку пати бил уапсен поради поситни сообраќајни прекршоци.

Ричард Вајт вчера на меѓународниот аеродром во Њу Орленас со спреј испрска припадници на обезбедувањето и патници, чекајќи во редот за проверка во безбедносната зона, а потоа почнал да мафта со мачета и тргнал да повреди припадничка на Агенцијата за безбедност во транспортот (АСТ). Тој е прострелан од полицајката што ја нападнал со три куршума и веднаш бил префрлен во болница, каде е опериран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top