Групата „Исламска држава“ објави на интернет список на 100 американски војници, што треба да бидат ликвидирани, пишува весникот „Република“.
Списокот е објавен на џихадистички веб страници и на него се претставени 100 американски војници што учествуваат во борбите против групата. На списокот војниците се претставени по име и презиме, со нивни фотографии и адреси.
ИД тврди дека хакерскиот оддел на групата ги украл податоците за војниците од компјутери на Пентагон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.