САД не се заинтересирани за решавање на украинската криза, туку планираат нови „обоени револуции“ во Ерменија, Киргистан и Узбекистан. А главна цел на Вашингтон е да го зголеми притисокот врз Русија за да ја дестабилизира политичката ситуација во оваа земја. Ова мислење го изнесе американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс на својата официјална веб-локација во статијата „Русија под напад“, пренесува Руска реч.
Робертс смета дека Вашингтон свесно работи на тоа да ја саботира Минската спогодба и притоа испраќа свои емисари во Ерменија, Киргистан и Узбекистан, за да организира во тие земји „обоени револуции“ и да ја дестабилизира ситуацијата долж целата руска граница.
„На тој начин Русија се соочува со обнова на конфликтот во Украина и истовремено со три други ситуации слични на онаа во Украина, но сега веќе на азиските граници“, пишува Робертс во статијата. Тој притоа изразува мислење дека тоа е само почеток на притисокот што Вашингтон планира да го изврши врз Русија.
Исто така политикологот укажува на некомпетентноста на западните медиуми кои шират лажни информации од Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.