| четврток, 6 декември 2018 |

Коњак од 23.000 долари

Познатата светска марка „Луј XIII“ наскоро ќе понуди на пазарот нова лимитирана серија на коњакот „Rare Cask 42.6″.

Кога се зборува за луксузен коњак една од првите асоцијации секако е „Rare Cask”, уште повеќе што тоа ќе биде втора ваква понуда на пазарот последните 140 години. Брендот „Луј XIII” е на познатата куќа „Реми Март” и е уникатна мешавина од 1.200 видови алкохол произведени на светски познатата локација „Гран Шампан”.

Скапоцениот алкохолен пијалок е стар сто години. Коњакот созрева во специјални буриња наречени „тиеркон”, кои биле откриени во визбата на Луј XIII и кои кралот ги користел за таа цел. Коњакот е наречен 42,6, поради високиот процент на алкохол – 42,6%. Ќе биде спакуван во 738 шишиња, а цената на шише коњак „Rare Cask 42.6″ ќе биде 23.000 американски долари. Дизајнот на шишето е направен од 20 експерти кои користеле скапоцен црн кристал „Baccarat”, крунисан со 24 каратно злато.

Првично „Louis XIII Rare Cask 42.6″ ќе се нуди само во „чаша” во престижните лондонски ресторани, а од септември луксузниот пијалок ќе биде пуштен на пазарот и во шишиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top