| четврток, 6 декември 2018 |

САД ги евакуираат војниците од Јемен поради безбедносната состојба

Група припадници на американската армија, вклучително командоси од Специјалните сили, се евакуирани од воздушна база во Јемен, откако Ал Каеда зазема град во непосредна близина, јавија денеска јеменски воени и безбедносни претставници.

Групата ја напуштила воздушната база Ал Анад, во близина на градот Ал Хута. Си-Ен-Ен објави дека САД ги повлекуваат последните командоси од Јемен поради влошената безбедносна состојба.

Во воздушната база биле сместени околу 100 припадници на американската армија и командоси на Специјалните сили.

Јеменскиот огранок на Ал Каеда, што САД го сметаат за најопасен дел од групата вчера го зазема градот Ал Хута.

Во февруари САД ја затворија амбасадата во Сана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top