Секоја година најмалку пет до шест илјади земјоделски семејства од Битола, Могила и Новаци како поддршка за земјоделството добиваат во просек 10 милиони евра субвенции годишно, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на собирот во Битола.
– Така ние се бориме за Македонија. Така се боревме и во времето на последните поплави кога додека Заев и Шеќеринска ги емитуваа креираните телефонски разговори, ние бевме тука во Новаци, во Могила, во Битолско, тука со вас, да помогнеме кога е најтешко, кога ви требаме, не само во арно, туку и во лошо… тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа сме ние, тоа е нашето вистинско лице, а не она кое Заев сака да го пружи преку креираните разговори, рече Груевски.
Тој додаде дека стојат зад македонските граѓани и оти земјоделците со обештетувањето од поплавите уште еднаш ќе почувтсвуваат што значи да се има влада која стои зад нив кога им е најтешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



