| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашиот народ нема да биде заложник на никого

Tribina na Vmro vo sala Boris (28)

Некој очигледно има други планови за Македонија. Некој сака нашата држава и нашиот народ да бидат негови заложници, да го киднапира вниманието и да го насочи кон деструкција, провокации, меѓусебни закрвувања, лоши сценарија за рушење на институциите и имиџот на земјата. Но, како што кажав и во Скопје минатата недела, кога над 30 илјади луѓе дојдоа да ги слушнат нашите пораки, така и денеска тука од Битола сакам да им порачам, ние тоа нема да го дозволиме, порача премиерто и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот народен собир во Битола.

Ние сме, нагласи, бедемот на кој сите оние кои плетат секакви сценарија ќе се заглават. Нашата сила е во народот и во неговата љубов кон сопствената држава. Затоа, тие што наумиле да прават лошо, се излажале, не го предвиделе тоа, не ја предвиделе вистинската сила на Македонците, но и на сите останати кои се нераскинлив дел од оваа држава и кои ја сакаат оваа наша заедничка татковина.

– Сите ние заедно сме силата која добро знае што значи да ја сакаш својата држава, што значи да работиш за државата и народот, да создаваш иднина за следните генерации, напомена Груевски. Груевски: Нема да дозволиме нашиот народ да биде заложник на никогоГруевски: Нема да дозволиме нашиот народ да биде заложник на никого

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top