| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонија дел од борбата против џихадизмот

 Десет држави од Централна и ЈИЕ и ЕУ договорија денеска во Виена потесна соработка во борбата со џихадизмот како и подобра обука на пограничните власти.

На конференцијата Заеднички дејствија против џихадизмот, одржана во Виена беше оценето дека е потребна сеопфатна стратегија и потесна соработка меѓу ЕУ и државите од Западен Балкан.

На конференцијата учествуваа минстри од Србија, Албанија, БиХ, Македонија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Италија и претставници на Европската унија.

Copyright: BMI/Alexander TUMA,  20.03.2014 Wien,

– Учесниците договорија конкретни мерки за подобра обука на пограничните власти за спречување илегално влегување и излегување од државите на екстремисти, наведе министерот за внатрешни работи на Австрија Јохана Микел Лајтнер.

Предвидено е и подобрување на соработката на државите од Западен Балкан со Европол и Фронтекс како и со координаторот на ЕУ за борба со тероризмот. Конференцијата беше организирана по иницијатива на австрискиот министер за внатрешни работи и министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top