| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ни ја претворија Македонија во едно вулгарно реално шоу со кое се забавуваат сеирџии и профитери од надвор

grruevski

-Денеска сме во Битола  да им разјасниме на оние кои одбиваат да ги видат граѓаните на Македонија, Македонците, дека државата ни е заеднички дом кој тешко и крваво го создаваа нашите предци, а ние, како нивно потомство, со маки и огромни пречки го чуваме, одржуваме и доградуваме зашто ни е единствен и незаменлив. Без Македонија и ние самите ќе станеме нечии потстанари. Природно е дека тоа нема да го дозволиме како и да е спакувано и продавано. Ако не ги убедиме и во ваков формат, ќе маршираме. Ќе одиме на референдуми. На крајот, ќе мора да не видат. Нема да можат да не избегнат – посочи премиерот Никола Груевски во денешното обраќање како лидер на ВМРО-ДПМНЕ на големиот собир во Битола.
vmro bitola
Тој додаде:

Поклониците на марионетската политика бараат поводи за да се доберат до власта. Велам доберат, оти тие повеќе не можат да ја освојат мнозинската доверба на граѓаните на легален и демократски начин преку избори. Затоа ниту едни не им чинат. Што мислат тие за државата Македонија слушавме и гледаме постојано. Веќе не признаваат ни изборна волја, ни мнозинство, ни закони, ни Устав ни државни институции. Единствено што признаваат и бараат е странска интервенција.

11084537_10153672625407971_385777947_n

Премиерот е зачуден што опозицијата своите намери не ги ни кријат повеќе, макар од срам. Изгледа, додава тој, срам немаат.

Човек кој не се срами нема повеќе ни совест, ни етика, ни морал. За чест не ни говорам. Затоа, ете не среде демонстрација на вулгарно бесчестие кое сакаат да ни го продададат како борба за ,„слобода“, и ,„демократија“ Ни ја претворија Македонија во едно вулгарно реално шоу со кое се забавуваат сеирџии и профитери од надвор но и нивните марионети во водството на СДСМ – рече Груевски.

11081609_10153672625427971_367495957_n 11079790_10153672625397971_150949883_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top