| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна ноќ во Куманово – два вооружени грабежи во само еден час

Вчеравечер во Куманово, во два посебни случаи ограбени се две продавници од страна на засега непознати вооружени и маскирани лица.

Првиот грабеж се случил околу 20,50 до 20,55 часот во продавницата „Стена Маг” на ул.”Октoмвриска Револуција”, кога две маскирани лица од кои едното со вооружено со пиштол, влегле во продавницата и со закана од касата одзеле 21.650 денари како и ваучери од ВИП оператор од кои 15-тина  во вредност од 200 денари, а 20-тина во вредност од 100 ден, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 26.650 денари.

Вториот грабеж се случил подоцна истата ноќ, околу 21,10 часот во продавницата „Спринг Бобан“ ДООЕЛ лоцирана на ул.”Народна Револуција” во Куманово, две маскирани лица од кои едното со пиштол влегле во продавницата и со закана со оружје од касата во одзеле 24.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и решавање и на двата случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top