| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за киднапирање на девојче среде улица во Цетиње

Црногорската полиција трага по две непознати лица кои во вторникот се обиделе да киднапираат петнаесетгодишната Н.К. во Цетиње.

Обидот за киднапирање се случил во вторникот околу пладне во близина на основно училиште. Таткото на девојчето го пријавил случајот во полиција, два часа подоцна.

Тој изјавил дека во моментот на обидот за грабнување, заедно со својата сопруга се наоѓале во Подгорица.

– Ќерка ми ми кажа дека заминала во продавница, кога забележала автомобил со регистерски ознаки со бела боја-караван којшто полека и се приближувал од позади – изјавил таткото во полиција.

Девојчето помислило дека возилото ќе застане пред контенјерот кој бил во близина. Во автомобилот имало двајца мажи, еден на возачкото седиште и еден на задното седиште.

Мажот кој седел на задното сеиште ја отворил ватата, го фатил девојчето за левата рака и се обидел да ја пикне во автомобилот. Во тој момент девојчето го удрило киднаперот со телефонот којшто и бил во рацете и успеала да избега.

Таткото постојано е во контакт со полицијата и се надева дека киднаперите ќе бидат фатени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top