| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ова е енергија која е карактеристична за ВМРО –ДПМНЕ, од која се плашат оние кои смислуваат разни сценарија за нашата држава

11056886_10153672677777971_1916396666_n
-Идејата беше да организираме настан за да ја канализираме големата енергија која тлее сиот овој изминат период, енергија која е карактеристична за ВМРО –ДПМНЕ, од која се плашат оние кои смислуваат разни сценарија за нашата држава, која тлее и го чека своето време за жесток одговор, нормално политички, за да не се уплашат премногу овие што не слушаат. Погледајте го овој народ кој дојде да не поддржи, собрани и овде во салата, но и надвор, сите овие луѓе, кои како река доаѓаа накај салата, почувствувајте ја нивната енергија, и на сите ќе им биде јасно, еве со кого е народот, во овој народ е нашата сила, во сите овие луѓе, но и оние ширум Битола, кои не поддржуваат но не стигнаа да дојдат овдека денес, во сите луѓе ширум Македонија, кои знаат зошто не поддржуваат, кои не знаат точно кои сме и какви сме, што правиме и зошто го правиме тоа, кои ја гледаат нашата борба за Македонија, го препознаваат нашиот вистински лик, и знаат дека тоа не е оној кој опозицијата сака да го претстави, затоа што нашиот вистински лик се нашите дела, се нашите проекти, мерки, чекори. Тоа се секое ново отворено работно место, грижата за пензионерите, вработените, земјоделците, студентите, невработените, социјалците. Тоа е посветеноста и отворениот однос кон синдикатите и коморите. Тоа е нашата макотрпна работа за да направиме нешто добро за нашата држава – посочи премиерот Никола Груевски во денешното излагање на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Лидерот на владејачката партија посочи дека не се срамат да јажат дека имаат грешки, но смета дека се должни  да упатат на сите проекти, на ситезаложби и конкретни работи кои ги имаат направено за Македонија и македонскиот народ.

-Конкретни работи. Кои се мерливи, кои точно допираат до нашите граѓани и нудат некоја нова можност, некоја поволност или барем нешто подобро. Иако има уште многу работа пред нас, има уште доста време од овој мандат пред нас за да го исполниме тоа што го ветивме, нови работни места, големи инсфраструктурни проекти, повеќе средства за земјоделците, пензионерите, вработените во администрацијата, повеќе проекти и можности за студентите, инвестиции во многу полиња и многу, многу макотрпна работа, за тоа не гласавте на минатите избори и ние тоа имаме намера да го испорачаме. Реализација на нашата ветена програма и цврсто стоење до дадениот збор до вас – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top