Република Македонија не е на „топ 3“ земјите со најголем извоз на азиланти во ниту една од земјите-членки на Европската унија и на шенгенската зона во 2014 година, објави денеска Европската канцеларија за статистика (Евростат), јавува дописникот на МИА од Брисел.
Во текот на минатата година, бројот на баратели на азил регистрирани во ЕУ се зголемил за 191.000 лица (44 проценти) во однос на 2013 година и лани нивниот број достигнал 626.000 лица, но иако азиланти од Србија, Босна и Херцеговина и Косово во некои земји се доминантни баратели на азил, македонските граѓани не се на првите три места на баратели азил во ниту една од 28-те земји-членки на Унијата. Конкретно, бројот на бегалци од Сирија се зголемил за 72.000 лица, односно од 50.000 во 2013 година на речиси 123.000 лица во 2014 година.
Според Евростат, еден од три баратели на азил во ЕУ аплицирале во Германија. Во 2014 година, најголем број кандидати е регистриран во Германија, односно, лани имало 202.700 кандидати за азил или 32 проценти од вкупниот број азиланти. По Германија следува Шведска со 81.200 барања или 13 отсто од вкупниот број баратели на азил во ЕУ, Италија со 64.600 азиланти (или 10 отсто од вкупниот број), Франција (62.800 лица или 10 проценти) и Унгарија (42.800 лица или седум отсто).
Она што треба да се напомене е дека во овие пет земји-членки се регистрирани различни трендови минатата година. Бројот на баратели на азил во 2014 година е повеќе од удвоен во споредба со 2013 година во Италија (плус 143 отсто) и Унгарија (плус 126%) и значително е зголемен во Германија (60%) и Шведска (50%), а е намален за пет проценти во Франција.
Споредено со населението од секоја земја-членка, највисоки стапки на пријавени баратели на азил се забележани во Шведска (8,4 апликанти на илјада жители), следуваа Унгарија (4,3 баратели на илјада жители), Австрија (3,3), Малта (3.2), Данска (2.6) и Германија (2,5). Спротивно на ова, најниски стапки на барања за азил се забележани во Португалија, Словачка и Романија. Генерално, пак, минатата година имало 1,2 апликанти за азил на илјада жители во Европската унија.
Граѓани од Сирија се најбројни во азилантските барања во ЕУ, и според Евростат, нивниот број бил 122.800 баратели на азил или 20 отсто од вкупниот број кандидати во Унијата за 2014 година. Од 122.800 Сиријци кои аплицирале за азил во ЕУ минатата година, околу 60 проценти се регистрирани во само две земји-членки:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст