Угледот на Македонија, по сето ова, меѓународно е повреден и влошен и оценувам дека тоа е основна цел на „сценариото“. Тоа ѝ носи огромни штети на државата, а тоа синопсисот го предвидел, смета универзитетскиот професор, дипломат и политиколог, Димитар Мирчев во разговор за „Телеграф“, за актуелната политичка состојба во земјава, поврзана со аферата за објавувањето снимени разговори.
Мирчев нагласува дека јавноста е веќе заморена од тој, како што нагласува, циркус на објавувани разговори. Време е, вели професорот, да му се стави крај и целото „сценарио“ да се врати во Собранието и во институциите.
-Не оспорувам дека дел од снимените разговори се автентични и дека ја потврдуваат таа претпоставка. Макар што разговорите, прво, се нелегално добиени и се објавуваат незаконски, што насекаде во светот е кривично дело, односно злосторство. Видете ја неделнава изјава на Фон Зур Мулен и на професорите од институтот „Макс Планк“ во Бон. Второ, нема никаква гаранција дека објавеното не е монтирано, селектирано, инсталирано; при што отпаѓаат и тврдењата дека власта ја прислушувала опозицијата, напротив, излегува дека опозицијата ја „прислушувала“ власта. И трето, очебијно е дека јавноста е веќе заморена од тој циркус на објавувани разговори. Време е да му се стави крај и целото „сценарио“ да се врати во Собранието и во институциите – коментира професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст