Џихадизмот, преку радикалниот екстремизам и тероризмот, претставува сериозна безбедносна закана за сите земји од светот, вклучувајќи нѐ и сите нас. Поради тоа, сите ние треба да соработуваме и преку соодветни мерки за навремена превенција и одговор, да ги спречиме можните безбедносни проблеми, кои овие групи би ги направиле во нашите земји.
Ова, како што соопшти МВР; меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на министерската Конференција што во организација на австриските министерства за внатрешни и надворешни работи се одржува во Виена на тема „Сооќување со џихадизмот заедно – обликување-превенција-
Во своето излагање во рамки на вториот панел посветен на превенцијата, минстерката Јанкулоска посочи дека сирискиот и ирачкиот конфликт мобилизираа доброволци-џихадисти од целиот свет, вклучувајќи ја и Република Македонија.
– Како целни групи се јавуваат млади лица, и притоа мотивот за нивно учество во исламистички паравоени формации е различен. Повеќето од нив заминуваат водени од идејата за воспоставување „калифатска“ држава, а поединци се воени ветерани и/или платеници чии мотиви се исклучиво од финансиска природа. Голем број странски доброволци потекнуваат од европските земји, а од летото 2012 година е регистрирано учество и на стотина македонски државјани, нагласи Јанкулоска.
Како што нагласи Јанкулоска, Република Македонија во континуитет ги надградува своите нормативни и институционални капацитети за спречување на можни терористички закани и неутрализирање на последиците од џихадизмот.
– Соочувајќи се со опасностите од враќањето на доброволци-џихадисти во земјата, кои се категоризираат како висок безбедносен ризик, Република Македонија направи исчекор и се вброи во земјите кои го санкционираат учеството на македонски државјани во странска војска, а во таа насока се и најновите измени во Кривичниот законик, со вметнување на нови членови со кои се санкционира регрутацијата, обуката, агитирањето, логистиката, финансирањето и учеството на лица во воени конфликти надвор од државата и во странски паравојски и терористички организации, рече Јанкулоска.
Ова, според неа, јасно укажува на цврстата определба на Република Македонија за натамошно активно учество во меѓународната борба против тероризмот.
На министерската Конференција учествуваат министрите за внатрешни и надворешни работи на Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија, Албанија и земјата домаќин Австрија, кои дебатираа на три панел-сесии посветени на обликувањето, превенција и реакцијата по однос на проблемот со џихадизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст