| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е ваш ден – Ден на среќата

o-HAPPINESS-facebook

Среќата е составена од секојдневни ситници на кои често пати не посветувате многу големо внимание, а денеска потрудете се да бидете што посреќни и понасмеани.

Токму затоа, почесто применувајте ги овие трикови кои нема да ви ја симнат насмевката од лицето.

1. Прифатете се себеси – Низа истражувања укажуваат на тоа дека среќните луѓе го сакаат она што можат да го добијат и не тежнеат кон невозможни работи. Така најлесно ги избегнуваат разочарувањата.

2. Живејте во сегашноста – Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете.

3. Насочете ги мислите во позитивен правец – Среќните личности се вечни оптимисти. Кога победуваат се посреќни, но кога губат се помудри, не поразени.

4. Уживајте во она што го правите – Ова е најдобриот рецепт за среќа кој можете да го примените. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ.

5. Престанете да се грижите – Не ги прифаќајте работите премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, затоа што се свесни дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top