Општина Центар го реши проблемот на жителите кај Зелено пазарче и ја санира дупката на сервисната улица на булеварот „Кочо Рацин“ од која се ширеше непријата миризба.
Проблемот е решен откако група граѓани се јавија во општина Центар, укажувајќи дека на сервисната улица има дупка од која се шири непријатна миризба и постои опасност од пропаѓање на целата улица.
– Надлежните служби од општината веднаш реагираа, но беше констатирано дека не се работи за мала интервенција, туку дека е неопходен целосен зафат. Цевките за фекална канализација, кои беа пукнати и беа жариштето на проблемот, општината ги санираше, а со три камиони „тампон“ улицата е вратена во првобитна состојба, соопшти прес-службата на општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.