| четврток, 6 декември 2018 |

Се избира најдобра апликација за „андроид“ за „златен даб“

Од денеска почнува наградниот конкурс за креирање најдобра апликација за „андроид“ за „даб“ наменета за паметни телефони и за таблети. До 8 мај секој може да се обиде да ја креира својата апликација за „андроид“ специјализирана за „златен даб“.

Идејата на Прилепска Пиварница е со овој конкурс е да се поттикне создавањето нови иновативни апликации, кои ќе имаат реална примена во модерното секојдневие. Предизвикот за програмерите е да ја познаваат најдобро заштитената марка „златен даб“ и вредностите што ги промовира, за да можат да ги истакнат во самата апликација.

– Преку овој конкурс сакаме да ги мотивираме македонските програмери да развијат креативна, функционална и оригинална мобилна платформа, која ќе биде наградена и ќе може бесплатно да се симнува од „Плеј стор“. Цврсто веруваме дека со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања што го имаат програмерите, ќе создадеме врвно, но истовремено и практично решение за современа и најмодерна апликација за „андроид“ за нашето најпрепознатливо име „златен даб“ – изјави Александар Чатлески, менаџер на трговска марка во Прилепска Пиварница.

За избраната најдобра апликација за „андроид“ за „даб“, Прилепска Пиварница, покрај паричната награда од 1.500 евра, обезбедува победникот да склучи договор со компанијата за префрлување на авторските права на наградената апликација, а ќе биде промовирана преку повеќе маркетиншки канали во месеците по прогласувањето.

Победничката апликација ќе биде избрана од страна на жири комисија, составена од пет членови избрани од страна на Прилепска Пиварница. Ќе се оценува според дизајнот, иновативниот пристап, како и функционалноста на самата апликација. Објавувањето на победниците ќе се изврши на 15 мај, 2015 година.

Сите информации за наградниот конкурс, за правилата, начините за пријавување и учество, се достапни на веб-страницата „Златен даб“ www.zlatendab.com.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top