| четврток, 6 декември 2018 |

Од стан во Куманово украдени 10 илјади евра и златен накит

кразба

Непознат крадец вчера украл 10.000 евра, златен накит и часовници од стан од Куманово. Од кумановската полиција соопштија дека кражбата се случила во периодот од 10:30 до 12:00 часот во стан на улица „Страшко Арсов“.

Крадецот, информираше полицијата успеал да ја отвори вратата со подесен клуч и да влезе во станот на кумановецот Н.Т. од каде што по пребарувањето на станот успеал да ги украде парите, накитот и часовниците, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 765.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top