| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Брисел на средба со Жозеф Дол и на Сaмит на ЕПП

gruevski6

Македонскиот премиер Никола Груевски, денеска во Брисел ќе има средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, кој е и лидер на најбројната политичка групација во Европскиот парламент и искрен поддржувач на Република Македонија, јавува дописникот на МИА. 

Средбата Груевски – Дол е втора меѓу двајцата политичари во период од неколку месеци. Се очекува Груевски и Дол да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.

Премиерот Груевски денеска во Брисел ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top