Рускиот премиер Дмитри Медведев оцени дека Европската унија ги направила сите можни грешки во пристапот на финансиската криза на Кипар и повика на промислен пристап кој нема да им наштети на односите меѓу Русија и Европската унија.
– Мислам дека во таа ситуација веќе се направени сите можни грешки. ЕУ се однесува со Кипар како со слон во продавница за порцелан. Се надевам дека на крајот ќе се усвои некое попромислено решение, кое ќе му помогне на Кипар, а нема да ги влоши односите со Европската унија – изјавил Медведев за „Интерфакс“.
Медведев потврди дека особено внимание на кипарската криза ќе ѝ биде посветено на состанокот за соработка меѓу Русија и ЕУ, на кој се очекува да присуствува и претседателот на Европската Комисија Жозе, Мануел Баросо.
Рускиот претседател замерува зошто Унијата не ја вклучила Русија во преговори со Кипар за помошта вредна 10 милијарди евра, во замена за воведувањето на дополнителниот данок на штедни влогови во банките, во кои голем капитал имаат руски банки и штедачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.