Најпознатата платформа за аукциско купување и продавање на интернет, иБеј, нуди вистински широк спектар на производи и услуги во целиот свет, а страницата „Ол тајм10“ издвои десет најдобри работи што се ставени на продажба.
10. Човечко чело – Андреј Фишер (20) од Омаха неговото чело по пат на иБеј го понуди како рекламен простор. Тој доби 37.375 долари за едномесечно рекламирање на „снорстоп“ (SnoreStop).
9. Град во Тексас – градот Алберт е интересен поради своето германско наследство и лежерно однесување. Понудата ја вклучува титулата – градоначалник.
8. Долна облека на Мајкл Џексон – боксерките на пејачот се продадени за еден милион долари. Беа запленети како доказ во текот на истргата за злоупотреба на дете.
7. Смислата на животот – продавач тврди дека ја открил причината на нашето постоење. Најголемата понуда што ја добил изнесувала 3,26 долари.
6. Дете – една двојка решила да се пошегува на начин, кој на многумина не им бил смешен. На продажба за еден долар го понудиле своето дете. Последица на нивниот лакомислен чин беше привременото губење на старателство, а биле под истрага и заради трговија на деца.
5. Прозорецот од кој беше застрелан ЏФК – Прозорецот и рамката од стрелачкото „гнездо“ од кои Ли Харви Освалд пукаше во Џон Ф. Кенеди се продадени за три милиони долари.
4. Употребено шамиче – настинката на актерката Скарлет Јохансон имаше двојна вредност бидејќи ѝ ја пренесе актерот Семјуел Л. Џексон. Нејзиното користено шамиче собра 5.300 долари за добротворни цели.
3. Дух во тегла – продавач налетал на тегла додека бил во потрага по метал и бил прогонуван од нејзината содржина. Теглата привлече (лажна) понуда и од сто милиони долари.
2. Сендвич Богородица – продавач го понуди сендвичот на кој се тврди дека се појавила Богородица. Тој беше продаден за 28 илјади долари.
1. Цел живот – Иан Ашер го продаде сиот свој живот за околу 300 илјади долари. Продажбата ги вклучуваше неговата куќа, автомобилот, работата и запознавање со неговите пријатели во Перт, Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.