Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 23 часот и 45 минути, а според најавите на астрономите, ќе се случи и помрачување на Сонцето.
Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17.44.
Пролетта ќе трае до 21 јуни, кога календарски почнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март, кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Затемнување на Сонцето најавено за утре, во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување.
Затемнувањето во Скопје, според скопското Астономско друштво, ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10.45, а ќе заврши во 11.56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.
Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ со телескопите на Астрономскоото друштво.
Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година,а следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст