Новиот руски договор со Јужна Осетија, отцепениот регион од Грузија, го крши меѓународното право и ги отежнува напорите за јакнење на регионалната безбедност, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега од Јужна Осетија Леонид Тибилов денеска во Кремљ потпишаа Договор за сојузнички односи и интеграција.
Столтенберг оцени дека договорот „го крши грузискиот суверенитет и територијалниот интегритет и е во спротивност на принципите на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и на руските меѓународни обврски“.
– Овој така наречен договор е уште еден чекор на Руската Федерација, која ги отежнува тековните напори на меѓународната заедница за јакнење на безбедноста и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на Столтенберг, при што се додава дека НАТО не го признава договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји



