| четврток, 6 декември 2018 |

По навалувањето на металниот столб: Општина Кисела Вода ја следи состојбата во Драчево

кисела вода

Од увидот на лице место, инспекциските служби од општина Кисела Вода утврдија дека има благо навалување на металниот столб од далекуводот пред мостот во Драчево, на страната спротивно од потпорниот ѕид, кој постои од пред повеќе од 5 години, велат од општината.

-На ова место нема никакви градежни активности веќе подолго време, па тоа не може да биде причина за слизнувањето на земјиштето кое постои на потегот до селото Љубош- Батинци, реагираат од Кисела Вода.

Од општината претпоставуваат дека слизнувањето се должи на поројните дождови кои ги имаше во изминатиот период.

-Општина Кисела Вода будно ја следи состојбата и согласно укажаната потреба и законските надлежности, ќе превземе соодветни мерки, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top