Раководството на СДСМ е свесно дека сценариото кое го спроведуваат не само што не дава позитивни за нив резултати, туку му нанесува штета на СДСМ кој ја губи и онака слабата доверба која ја има кај граѓаните. Целта на Зоран Заев да ѝ нанесе штета на Република Македонија беше препозната од страна на јавноста. Граѓаните тоа не го дозволија и застанаа во одбрана на македонските национални интереси.
Ако досега на !Павел Шатев“ владееше нервоза и разочараност, последниве неколку дена на таа адреса се случува вистинска катаклизма, особено по масовниот собир кој во неделата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Над 30.000 граѓани таму ги слушнаа пораките на премиерот Никола Груевски.
Повикувајќи се на извори од СДСМ „Курир“ објави дека во партијата владеат жестоки разногласија, препирки и кавги по прашањето „Дали целосно ја промашија стратегијата“. Социјалдемократите не можат да го најдат одговорот и причината за тоа што бомбите им одекнаа само во мали, за нив блиски кругови. Па сите сега се прашуваат: Дали згрешиле со одолговлекувањето на објавувањето, Дали требало во пократок временски период да ги објавиваат истите, како и Дали згрешиле при лепењето и селектирањето на креираните материјали.
На висок тон и со силни препирки се комуницира и меѓу највисокото партиско раководство. Дека СДСМ изгуби кога се соочи со народот, потврдуваат и експертите.
Науновски: Македонскиот народ е мудар и ја препозна фарсата на СДСМ
Универзитетскиот професор Тони Науновски во изјава за Курир, се согласува дека сценариото на СДСМ доживеа дебакл. Тој вели дека СДСМ се соочи со македонската победа и со фактите за нивниот пораз.
-Се е грешка во евтиниот шпионски филм на ЗоранЗаев, самата намера и цел, методите се погрешни.Македонскиот народ е мудар и брзо ја препозна фарсата, валканата политичка игра со која сакаа да не изманипулираат и со гебелсовска СОРОС-оидна пропаганда, недемократски да ја превземат власта. Попусти се обидите за реприза на „црниот понеделник“ кога имаше обид за предизвикување на внатремакедонска борба, за насилно освојување на институциите на државата. Демаскирани во нивната интелектуална беда, во нивниот суштински антимакедонизам, некои центри на моќ во СДСМ се соочуваат со фактите за нивниот пораз, со нашата Македонска победа, вели Науновски.
Ако СДСМ сака да постигне нешто, ќе мора да го смени својот лидер Заев, но и целото партиско раководство, сметаат експертите.
-Лажната еуфорија беше видлива уште на почетокот од реализацијата на недемократското сценарио и сега им претстои период на партиско, идеолошко преиспитување. СДСМ мора да го сменат нивниот претседател Заев и раководството, и да започнат од почеток, со нови луѓе и принципи на политичко дејствување. Беше ова тежок период за нашата држава и за нас македонскиот народ, но помина, и да не се повтори никогаш повеќе. Одговорните за „Пучот“, кој ќе се изучува во светската политикологија како пример на антидржавно политичко однесување и фарсичен спој на шпиони, повикување на странски фактори при суверена држава и невидена медиумска пропаганда финансирана од странски пари, ќе бидат поставени пред судот на македонската историја, но и пред институциите на системот, да бидат паметник за новите генерации Македонци како не треба да се мисли политиката и својата држава. Не сум пакосен, но едвај чекам да видам како ќе ги избркаат од СДСМ овие што направија од таа партија комично здружение, нивното смеење во Универзална сала сега ќе им биде вечно плачење, вели Науновски за Курир.
Членството на СДСМ виде дека сценариото на Заев, освен што не поминува кај граѓаните, осудено е и од меѓународната заедница. Тоа дополнително влијае на меѓучовечките односи на Бихаќка, а при секојдневните комуникации тие дополнително ги нарушуваат односите меѓу себе. Бомбите веќе немаат никаков ефект. Интересот кај јавноста е сведен на минимум, а креираните материјали на Заев и СДСМ се објавуваат се поретко бидејќи интерес за нив нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст