| четврток, 6 декември 2018 |

Целта е финале, растојанието е исто, Работнички и Тетекс со предност од 2-1 пред реваншите во купот

Работнички и Тетекс забележаа идентични победи од по 2-1 против Ренова, односно Турново во првите полуфинални натпревари од македонскиот фудбалски куп.

Домаќините водеа со 2-0 на двата меча, а за интересни реванши се погрижија Емини кој стрелаше прецизно за Ренова, односно Мутафчиски, кој намали на 1-2 за Турново.

Работнички имаше огромна залиха од два гола по педесетина минути игра со головите на Вујчиќ од пенал и на Алтипармаковски, а сигурниот од кон ново финале им го потсопре Емини.

Тетекс преку Јовановски, експресно во интервал од 7 минути поведе со 2-0, но Мутафчиски со погодок му донесе надеж на Турново за пласман во финалето на националниот куп.

Реваншите ќе се играат на 15. април.

rabotnicki-pobednik-na-kupot-7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top